Серена Вилијамс на колена, Андреску ја освои титулата на Ју-Ес Опен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата тенисерка од Канада, Бјанка Андреску е нова победничка на Ју-Ес Опен, откако во финалето ја совлада Серена Вилијамс со 2-0, односно 6-3 и 7-5.

Уште во првиот гем направи брејк на сервисот на Серена, додека таа се обидуваше да се врати во игра.

Во вториот сет Андреску заигра многу подобро, но Серена успеа со серија од неколку поени да се врати во мечот и да израмни на 5-5.

Сепак, Бјанка се освести во финишот на мечот, па направи брејк на противнички сервис и со 7-5 го освои вториот сет.