Србите го провоцираа Роналдо, а Португалецот им врати на најдобар можен начин! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалија синоќа на „Маракана“ славеше против Србија со 4-2 во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Португалците имаа подобар тим на теренот од првата минута и на крајот стигнаа до победата, иако Србија двапати се врати во игра.

Навивачите на Србија уште од загревањето беа непријателски расположени кон Кристијано Роналдо, па му испратија свирежи, а притоа и го провоцираа со тоа што извикуваа „Меси, Меси“, но Португалецот им врати на најдобар можен начин, односно со погодок.