Тинејџерката која ја урна Серена: Ова е дефинитивно моја година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бјанка Андреску сензационално го освои Ју-Ес Опен во Њујорк, откако во финалето славеше против Серена Вилијамс со 6-3 и 7-5.

Андреску стана првата тенисерка од Канада, која освои гренслем, а го освои големиот турнир посамо четири настапи на еден од нив, што само претходно успеа да го направи Моника Селеш.

„Серена е мој идол од детството и ова е навистина неверојатно. Но, знам колку напорно работев за да стигнам тука и навистина ова е моја година“, кажа Андреску.

Серена имаше само пофални зборови за тенисерката од Канада.

„Бјанка одигра фантастичен меч. Жал ми е што јас не одиграв подобро“, кажа Серена, која во десеттото финале на Ју-Ес Опен не успеа да стигне до рекордниот 24. гренслем-трофеј.