Леклер славеше на Монца пред Ботас и Хамилтон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шарл Леклер успеа да оствари победа на Големата награда на Италија, па така го запиша вториот триумф по ред.

Борбата меѓу Луис Хамилтон и Леклер траеше до последните десет круга, кога Британецот се откажа, а потоа направи и грешка.

Леклер славеше на минатата трка во Белгија, а сега тоа го направи и во Италија. Во многу добра трка, младиот возач се измачи, но на крајот успеа да слави пред Валтери Ботас и Хамилтон.

Потоа Ботас го нападна првото место, а неколку пати беше блиску да го освои, но на крајот не успеа, па Леклер ја одбрани својата позиција.

Така Леклер стигна до втората победа по ред во Формула 1.