Неочекувана драма и триумф за Надал во финалето на Ју-Ес Опен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рафаел Надал одамна се запиша меѓу легендите во тенисот, а синоќа дополнително го подобри рекордот, откако освои нова гренслем-титула, по победата против Данил Медведев во финалето со 3-2 во сетови, односно 7-5, 6-3, 5-7, 4-6 и 6-4.

Првите два ипол сета од мечот покажаа дека Надал е на чекор до триумф и освојување на нова гренслем-титула, но потоа Медведев се разбуди, па заигра многу подобро.

При негатива од 2-4 во третиот сет, Медведев направи пресврт и поведе со 7-5, па намали на 1-2 во сетови, по што во четвртиот сет славеше со 6-4.

Во последниот сет се водеше голема борба меѓу двајцата тенисери, а како победник излезе шпанскиот тенисер, кој го доби последниот сет со 6-4.