Алексис Санчез не планира да се врати во Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алексис Санчез одлучил дека позајмицата во Интер сака да ја претвори во перманентен трансфер и посочил дека не сака да се враќа во Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот помина катастрофални 18 месеци на „Олд Трафорд“ и конечно најде излез од клубот кога за него понуда испрати тимот на Интер.

30 годишниот фудбалер има уште две години од актуелниот договор со „ѓаволите“ меѓутоа како што стојат работите тој го заврши своето во Манчестер Јунајтед и следната година ќе бара на перманентна основа да го напушти клубот.

Интер е отворенза ангажман на фудбалерот, но тој ќе мора да се согласи на значително намалување на платата од 250.000 фунти неделно. Во Интер би заработувал „само“ 150.000 фунти неделна плата.