НБА лигата воведе бизарна забрана за играчите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради низата на занимливи трејдови, пред нас е дефинитивно една од најзанимливите сезони во најсилната кошаркарска лига на светот.

Минатата година Торонто Репторс ги шпкираа сите и стигнаа до својот прв НБА прстен во историјата. Тие во финалната серија беа подобро од фаворизираниот Голден Стејт со 4-2 во серија.

Новата сезона би требало да биде уште позанимлива, поради многуте трејдови на големи ѕвезди од едни тимови во други. Пред самиот старт на сезоната, челниците на лугата се одлучија за еден потег, односно воведување на забрана на играчите да носат траки околу главата.

Бројните играчи како што се Џими Батлер, Холидеј, Харел, Карл-Антони Тоунс регуларно си носеа траки во текот на целата година, но од оваа ќе мора да се одвкинуваат.

„Играчите почнаа да ги носат минатата сезона, а не сакавме да ги забраниме на сред година. Изразена е загриженост што се однесува до сигурност, големина и начин на кој играчите ги врзуваат. Сево ова треба да го земеме во обзир пред да се допушти нивно носење. Ги известивме сите клубови дека играчите во новата сезона нема да можат да ги носат“, изјави Мајк Бас, портпарол на НБА лигата за ЕСПН.