Србија се соочува со уште поголеми проблеми по поразот од Аргентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина денеска ја изненади Србија на Светското кошаркарско првенство во Кина, откако славеше со 97-87.

Аргентинците беа подобри од самиот почеток, а Србија беше подобра само во третата четвртина, но до крајот не успеа да обезбеди полуфинале.

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ сега ќе се борат за пласман од петто до осмо место. Но Србија мора брзо да се врати од шокот, зашто ги очекува борбата за Олимписките игри во Токио.

Двете најдобри европски репрезентации ќе обезбедат место на тоа натпреварување, а една од нив сигурно ќе биде Шпанија или Полска.

Останува да видиме дали Србите ќе успеат да го надминат денешниот пораз и ќе обезбедат пласман на Олимписките игри.