Полска не се предаде до крајот, но Шпанија се пласираше во полуфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанската кошаркарска репрезентација славеше против Полска со 90-78 во четвртфиналето на Светското првенство во Кина.

Шпанците добро го почнаа мечот, но Полјаците по неколку погодени тројки се одржуваа и имаа негатива од 18-22 по првата четвртина.

Во втората четвртина Полска стигна до 28-29, но тогаш Шпанија направи серија од девет поени за водство од 38-28. Сепак, Полјаците намалија на 41-46 на полувреме.

Продолжението донесе уште подобра игра на Шпанија, па по третата четвртина тие имаа водство од 67-58.

Во последната четвртина Полска не успее да ја стигне предноста на Шпанија, иако во еден момент беше 72-76, па Шпанците славеа со 90-78.

Шпанија до триумф ја предводеше Рики Рубио со 19 поени.