Ѓоковиќ е сериозно повреден – го очекува операција и нова пауза? (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ мораше да го предаде својот меч против Станислав Вавринка на Ју-Ес Опен поради повреда, а првите информации воопшто не се добри по деталните прегледи неколку дена подоцна.

Според новинарот на „Њујорк Тајмс“, Кристофер Клери, Србинот има тешка повреда, па ќе мора повторно да паузира долг период од тениските терени.

„Ѓоковиќ би можел да паузира долг период доколку мора да направи операција“, порача новинарот.

Србинот во моментов е во швајцарска болница, кадешто го лекува рамото, а наскоро ќе се знае дали Ѓоковиќ ќе мора да оди на операција.