„Нека престане Фекир да ги прави луѓето будали“

Минатото лето Набил Фекир беше најавен како ново засилување на Ливерпул, се фотографираше и во дресот, но на крај трансферот пропадна.

Од тогаш во медиумите се појавија повеќе приказни поради кои Фекир не заврши на Енфилд. Самиот фудбалер тврди дека се појавија многу лаги кои го повредиле него и неговата фамилија, а некои од информациите доаѓале и од неговиот поранешен агент Жан-Пјер Бернес.

Не требаше долго време за да се огласи и самиот Барнес, кој беше прилично остар.

„Време е Фекир да ја прекине оваа претстава и да престане да ги прави луѓето будали. Сите знаат што се случи“, изјави Барнес во разговор за угледниот L-Equipe, па продолжи:

„Трансферот пропадна од две причини. Првата, неговото колено, иако Ливерпул имаше намера да помогне во опоравувањето, а втората причина е тоа што се појави непозната личност, некој квази-агент, кој се претставуваше како некој кој сака да преговара во негово име. Барано е преговорите да започнат во момент кога требаше да завршат. На крајот Ливерпул одлучи да каже „стоп““.

Наместо на Енфлид, Фекир ова лето заврши во Бетис за 20 милиони евра.

Advertisements