Зидан со изненадување: Реал Мадрид ангажира отпишан фудбалер од ПСЖ?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан се соочува со проблеми во екипата на Реал Мадрид, откако Асенсио има проблеми со повреда, а не го сака многу Бејл, па наскоро би можел да ангажира нов фудбалер, односно Хатем Бен Арфа.

Сепак, тоа што прави проблем е темпераментот на фудбалерот, па иако има 32 години, сепак уште има големи проблеми да остане смирен.

Шпанските медиуми пишуваат дека би можел да добие огромна шанса, а тоа е зашто е слободен фудбалер во моментов.

Наводно, него во ротација во Реал Мадрид сака да го ангажира Зидан, па Бен Арфа ќе биде алтернатива за повредениот Асенсио додека се врати на фудбалските терени.