Роналдо по четирите гола против Литванија: Не ме интересираат индивидуални рекорди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера играше фантастично во мечот против Литванија, па постигна четири гола и му донесе важен триумф на репрезентативниот тим.

Роналдо по четирите постигнати гола, со кои стигна до 93 во репрезентативната кариера, кажа дека не го интересираат многу неговите рекорди, односно фокусиран е на Португалија, чии победи му се важни.

Сепак, Португалецот признава дека е убаво чувството да се постигнуваат погодоци.

„Убаво се чувствувам и горд сум што го носам репрезентативниот дрес. Сега сме блиску до Евро 2020. Со една победа во следните два меча, ние ќе обезбедиме пласман. Многупати сум кажал дека не ме интересираат индивидуални рекорди, туку важни ми се победите на Португалија“, порача Роналдо.