Навивачите не треба да се грижат повеќе: Лампард најде замена за Аспиликуета?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси се жали на суспензијата за забрана на трансфери, па во клубот се надеват дека ќе може да купуваат фудбалери во јануари.

Листата е веже составена, а на неа се наоѓаат неколку дефанзивци, меѓу кои и Јусеф Атал од Ница.

Фудбалерот од Алжир зад себе има одлично лето, па со репрезентацијата го освои Купот на африканските нации и си обезбеди место во првиот тим.

Тоа го забележаа Лондончани, кои се подготвени да понудат 35 милиони фунти за 23-годишното момче, кое може да игра како десен бек, но и како десно крило.

Намерата на Френк Лампард е да пронајде замена за Цезар Аспиликуета, кој не ја почна најдобро сезоната и направи неколку грешки.