Валверде не сака да ризикува: Меси ќе го пропушти мечот со Валенсија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се повреди на стартот на сезоната, па пропушти неколку дуели на неговиот тим и Каталонците ги покажаа слабостите во играта без Аргентинецот.

Барселона не ја почна сезоната како што сака, па се надеваше дека Меси се рехабилитирал од повредата на мускулот и тој ќе може да игра против Валенсија, но такво нешто очигледно нема да се случи.

Тренерот Ернесто Валверде не сака да ризикува нова повреда на Аргентинецот и повторно долго отсуство од теренот, па поради тоа ќе го одмори и во мечот против Валенсија, додека се очекува да се врати на теренот во следното коло.

Од друга страна, засега не е познато дали ќе настапат Осман Дембеле и Луис Суарез, кои исто така се повредени, но според медиумите постои мала шанса Уругваецот да заигра против Валенсија.