Реал Мадрид ќе понуди играч плус пари во јануари за да го добие Погба

„Ел Чирингито“ пренесува дека Реал Мадрид планира во јануари да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за услугите на Пол Погба.

Наводно, „кралевите“ во понудата која ќе ја испратат на „Олд Трафорд“ ќе го вметнат и Тони Крос, а ќе уплатат и значителна сума на пари на сметка на Манчестер Јунајтед.

Според „А Бола“ пак, Манчестер Јунајтед веќе ги разгледува опциите за наследник на Погба, а една од нив е и 20 годишниот фудбалер на Бенфика, Флорентино Луис за кого има сериозенинтерес и од Манчестер Сити.

Advertisements