„Сан“ најави трансфер-бомба: Реал Мадрид договори уште една ѕвезда на Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид планира следното лето повторно да купува од Челси, откако веќе им ги земаа Еден Азар и Тибо Куртоа.

Англиски „Сан“ пишува дека Реал, наводно, се договорил со еден од најбараните фудбалери во светот, Н’Голо Канте.

Реал планираше уште летово да го ангажира Французинот, но во тоа не успеа. Сепак, следното лето ќе тргне во нов напад на искусниот фудбалер.

Канте минатата сезона беше еден од најважните фудбалери на Челси и одигра дури 53 меча и постигна пет гола за „сините“, па негово заминување од Лондон ќе биде тежок удар за екипата на Френк Лампард.