Напаѓачот призна: Ме контактираа од Манчестер Јунајтед, не можам да кажам кој


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ова лето потроши доста пари на трансфер маркетот, иако доведе само тројца фудбалери.

Стигнаа Даниел Џејмс, Арон Ван-Бисак и Хари Мегвајер. Иако е платен најмалку, младиот Даниел Џејмс кој стигна од Свонси засега се покажа како полн погодок, но тој не беше единственото „офанзивно“ засилување кое Јунајтед го сакаше ова лето.

Долго се шпекулираше дека на мета на Јунајтед е офанзивецот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс, а сега тој и сам потврди дека контакт имало.

„Ме контактираа од Манчестер Јунајтед, но не можам да откријам кој беше тоа. Моја прва опција беше да останам во Атлетик и овде да се пензионирам“, изјави Инаки Вилијамс.

Инаку за 25 годишниот офанзивец беше заинтересиран и Конте со Интер, но точка на сите шпекулации ставија Атлетик со новиот договор што го потпишаа на половината на август.

Сепак, не би било чудно Јунајтед повторно да проба да го ангажира, иако Вилијамс го продолжи договорот со Атлетик до 2028. година. Сепак, најважно е тој да продолжи со одличните игри.

Инаку, Вилијамс во првиот тим на Атлетик беше прекомандуван во 2015. година, а од тогаш има одиграно 207 натпревари, има постигнато 50 голови и 27 запишани асистенции.