Потпиша за Јунајтед, па беше застрелан во глава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Парагвајскиот фудбалер Салвадор Кабањес бил на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед, но претходно бил застрелан.

Кабањес е еден од најдобрите фудблаери во Јужна Америка, кој се скарал со мексикански нарко-дилер, кој во еден клуб му пукал во глава.

„Потпишав пред-договор вреден 1,3 милиони фунти за трансфер во Европа. Ми кажаа дека одам во Манчестер јунајтед“, вели Кабањес.

Меѓутоа, на 25 јануари 2010 година само два месеци откако со гол во Венецуела го однесе Парагвај на Мундијал, во еден бар се скара со најголемиот нарко-дилер Хозе, кој го застрелал во глава.

Судбината сакала фудбалерот да преживее, а докторите го сметаат за медицински феномен, зашто куршумот му е и понатаму во черепот.