Проблеми за Реал Мадрид: Модриќ повреден се врати во тимот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По враќањето од Хрватска по репрезентативните обврски, Лука Модриќ стигна повреден во Реал Мадрид.

Модриќ се врати во Реал со повреда на препоните, па засега не е откриено колку време ќе отсуствува од теренот.

Хрватот одигра два меча за Хрватска во квалификациите за Евро 2020, а Модриќ во новата сезона беше стартер само еднаш.

Тој успеа да добие црвен картон против Селта, па не можеше да настапи против Ваљадолид, а потоа не беше во стартните 11 во дуелот против Виљареал.

Се очекуваат детални прегледи во Мадрид, по што шпанскиот гигант ќе треба официјално да соопшти колку време Хрватот ќе паузира надвор од фудбалските терени.