Касиљас пред точно 20 години дебитираше за Реал Мадрид (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Икер Касиљас на 12 септември 1999 година дебитираше за Реал Мадрид во мечот против Атлетико Билбао.

Тоа беше првиот меч за Шпанецот во професионалната кариера, кој го одигра како 18-годишно момче за „кралевите“.

До дуелот меѓу Шпанија и Фарски Острови минатата недела, Касиљас беше рекордер за „црвената фурија“ по број на настапи, а во неделата неговиот рекорд го израмни Серхио Рамос.

Во мај годинава Касиљас на тренинг доживеа срцев удар, па ја заврши кариерата, но не го напушти фудбалот, зашто остана во Порто како дел од стручниот штаб.