САД на колена: Богдановиќ ја предводеше Србија до триумф!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српската кошаркарска репрезентација денеска славеше против САД на Светското првенство во еден навистина неверојатен меч со 94-89.

Првата четвртина апсолутно ја освои Србија, која доминираше од самиот почеток, па имаше предност од 32-7 по првите 10 минути.

Во втората четвртина САД врати на идентичен начин, па Србија на полувреме замина со водство од само четири поени, односно 44-40.

Во третата четвртина се играше кош за кош, но никој не успеа да направи посериозна предност, па Србија и во последната четвртина влезе со предност од три поени.

Во последните 10 минути нашиот сосед одигра одлично, па не им дозволија на Американците да им се приближат, а на крајот славеа со 94-89.