Во Манчестер Јунајтед убедени дека ќе го обезбедат потписот на една од најголемите свои ѕвезди

„Манчестер Ивнинг Њус“ пишува дека во Манчестер Јунајтед се убедени дека Давид Де Геа ќе потпише нов договор со клубот.

Мначестер Јунајтед долго време се обидува да го убеди голманот да потпише нов договор, но засега тоа не вроди со плод, па на Де Геа му остана уште помалку од една година до истекот на актуелниот договор со Манчестер Јунајтед.

Како што пишуваат медиумите во Англија, договор се уште не е постигнат, но во таборот на „ѓаволите“ се речиси сигурни дека тоа ќе се случи во следниот период.

Advertisements