Покетино проговори за иднината на Ериксен: Тој секогаш е…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино за прв пат проговори во јавноста за евентуалното заминување на Кристијан Ериксен од клубот.

Фудбалерот од средниот ред јавно посочи дека сака да си замине од клубот, но на крајот остана во летниот преоден рок. Во јануари ќе може да преговара со други клубови за негов слободен трансфер следното лето.

„Тој секогаш е среќен овде. Секако, сите си имаат свои цели и предизвици, но ви кажав дека уште пред натпреварот со Арсенал дека тој е подготвен. Токму затоа го селектирав. Тој е многу важен играч и е еден кого го цениме многу. Тој е среќен и ако може да игра, ќе игра. Сите одлуки ќе бидат донесени врз основа на настапите“- истакна Покетино.