Лукаку призна: Јас сакав да си заминам од Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега веќе поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку истакна дека тојсакал да си оди од клубот и инсистирал на трансфер во Интер.

Белгиецот за сума од 75 милиони фунти ова лето направи перманентен трансфер и дресот на Манчестер Јунајтед го замени со оној на Интер.

Напаѓачот кој се мачеше со реализацијата на „Олд Трафорд“ се надева дека ќе ја „оживее“ неговата кариера во Милано.

„Ми требаше овој трансфер. Беше перфектен момент за мене да си одам од Англија, а јас го обожавам Интер. Имаме одлична група играчи овде и можеме да изградиме нешто специјално. Манчестер Јунајтед? Како што кажав, сакав да си заминам и тоа беше перфектен момент за заминување од Англја“- истакна Лукаку.