Погледнете како Тајсон Фури изгледал додека бил манекен: Тешко дека ќе го препознаете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тајсон Фури денес важи за еден од најдобирте тешкаши во светот, а не така одамна се занимавал со работи кои немаат многу врска со спортот.

Тој е роден три месеци пред време, па докторите му давале многу мали шанси да преживее. Како дете бил многу ситен, но на крајот пораснал дури два метри и шест сантиметри, а освен тоа има 117 кг.

Ја добил првата битка за живот, а подоцна доби многу битки во спортот во кој се бави, а едно време беше и првак во тешка категорија и тоа откако го победи Владимир Кличко.

Сепак, малку е познато дека во младите денови се занимавал и со манекенство. Тоа било во време кога одел во училиште. Тој тогаш изгледал многу поразлично отколку денес, посебно поради неговата фризура.

Подолу можете да погледнете фотографија од него.

Инаку тој во професионалната кариера до сега имал 29 борби, а забележал 28 победи со едно реми. Наредниот меќ веќе го има утре против Швеѓанецот Ото Валин во T-Mobile Арената во Лас Вегас.