„Ме повикаа да го спасам Шумахер, но шансите се минимални“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер во понеделник беше примен во болница во Париз, барем така пренесоа француските медиуми.

Истиот извор пишува дека Германецот во свесна состојба стигнал во болницата на лекување на матичните ќелии.

Да потсетиме, Шумахер на 29 декември 2013 година доживеа несреќа на скијање во Франција, кога со глава удри во карпа. Имаше тешки повреди на мозокот, поради што долго време беше во кома.

Семејството на Шумахер контактирало хрватски доктор, кој открил дека Германецот нема големи шанси да се спаси.

„Немаше директен контакт со семејството, но се слушнав со портпаролката на Шумахер. Јас мислам дека се мали шансите да оздрави по шест години во вегетивна состојба. Требаше нешто да се направи во првите години по несреќата, а вака… Тешко“, порача докторот.