Перез ќе руши рекорд и во тенис: Меѓу Надал и Федерер ќе се игра на „Бернабеу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е познат како иноватор, но и човек кој не штеди пари за да ги направи најголемите претстави во спортот.

Првиот човек на „Кралевите“ прв почна со „галактикосите“, а сега сака да вложува и во тенисот.

„Марка“ пишува дека Перез сака на стадионот на Реал Мадрид да органиизира меч меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Дуелот би бил одигран пред полн стадион, па така ќе биде урнат досегашниот рекорд во тенисот, кој го имаат Ким Клајстерс и Серена Вилијамс од Брисел, кога играа пред 35.000 фанови.

Потенцијалниот меч во Мадрид би бил игран пред повеќе од 81.000 фанови, па така ќе биде поставен неверојатен рекорд.