Марселињо добил отказ поради освојување на – шпанскиот Куп!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска му беше последниот ден на Марселињо на „Местаља“, а шпанскиот тренер одржа прес-конференција на која новинарите му поставуваа прашања.

Се шпекулира дека соработката била прекината поради разликите во желбите за трансфери, а Питер Лим верува дека знае подобро од својот тренер.

„Сигурен сум дека освојувањето на шпанскиот Куп го предизвика ова. Во текот на минатата сезона ни зборуваа да го заборавиме тоа натпреварување. Навивачите и фудбалерите сакаа да го освоиме Купот, сите го сакавме тоа и очигледно тоа го забрза мојот отказ“, порача Марселињо.

Поранешниот тренер на Валенсија вели дека од Лим му стигнале честитки за пласман во Лигата на шампиони, но не и за освојување на Купот.