Втор пораз на Македонија на Европското првенство, паднавме и пред Турција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе пораз и на вториот натпревар од Европското првенство кое се игра во Словенија.

Нашите одбојкари беа поразени со 3:0 по сетови (20:25, 23:25, 13:25) и беа на нешто послабо ниво од вчерашниот натпревар кога постојао се држевме со Финска.

Со овој пораз речиси ги загубивме шансите за пласман во 1/8 финалето, но додека постои можност нашите не треба да се откажуваат. Утре во 17:30 ќе играме против првиот фаворит во групата, Русија, по што ќе следи еден ден пауза.