Поранешен играч на Челси: Во клубот беше хаос кога Мурињо си замина, Дрогба не престана да плаче…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стив Сидвел откри дека сите во Челси биле разочарани кога Жозе Мурињо заработил отказ во 2007 година.

Во интервју за „Ликвид Фудбал“ поранешниот фудбалер на Челси призна дека Дидие Дрогба не можел да се соземе и премногу плачел кога им било соопштено дека Мурињо ќе си замине.

„Бев во многу клубови во кои менаџерите си заминуваа. Најтешко беше кога бев во Челси кога Жозе си замина. Многу од играчите беа со него долго време и тоа беше вистинска семејна култура. Игравме против Розенборг во Лигата на шампионите. Ремизиравме или изгубивме дома, и потоа следниот ден добивме повик. Знаевме дека нешто не е во ред, а Жозе доби отказ тој ден. Бевме во соблекувалната, Мурињо дојде и се поздравуваше со сите еден по еден. Имаше фудбалери кои плачеа. Дрогба беше најскршен, премногу плачеше“- истакна Сидвел.