Не му требаше многу: Фалкао погоди на дебито за Галатасарај (Видео)

Вистинска  еуфорија владееше во Истанбул кога Радамел Фалкао пристигна од редовите на Монако.

Искусниот колумбиски фудбалер беше пречекан од 25.000 фанови на Галатасарај, а тој сега на одличен начин им возврати за прекрасното добредојде во Турција.

Имено, Фалкао погоди  на деби настапот за Галатасарај во првенствениот натпревар против Касимпаша. Напаѓачот ја затресе мрежата на противникот во 37. минута. Натпреварот се уште е во тек, па Фалкао можеби ќе постигне уште некој погодок…

Advertisements