Манџукиќ во немилост на Сари: Хрватот изоставен од составот за утрешниот натпревар со Фиорентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Манџукиќ дефинитивно ќе има потешкотии да се избори за место во тимот на Јувентус под водство на Маурисио Сари.

Искусниот стратег не го повика напаѓачот за натпреварот против Фиорентина, а тоа што го изостави од списокот за Лигата на шампионите јасно говори дека за Хрватот веќе нема иднина во Торино.

Сега, најкриво треба да му биде на самиот Манџукиќ кој одби понуда од Манчестер Јунајтед со цел да остане во редовите на Јувентус, но набрзо следуваше шок за него…