Ултрасите на ПСЖ ги поздравија Нејмар и неговиот татко со специјален банер (Фото + Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилската супер ѕвезда од ПСЖ, Нејмар конечно се најде во почетната постава на клубот откако пропадна неговиот трансфер во Барселона.

Нормално дека фановите на ПСЖ не го дочекаа тоа со големо задоволство, па со специјален банер го поздравија својот фудбалер пред натпреварот.

Фановите на голем банер упатија порака до таткото на фудбалерот кој беше инволивран во преговорите за заминувањето на неговиот син од клубот.

„Нејмар Сениор, оди продади го твојот син во Вила Мимоза (најпознато место за проституција во Рио де Жанеиро“- пишуваше на банерот..

На социјалните мрежи се појави и снимка на која се гледа презентацијата на фудбалерите на ПСЖ пред натпреварот, а кога се споменува името на Нејмар целиот стадион не престанува да испраќа свирежи.