Зидан со чуден коментар откако за малку Реал Мадрид ќе прокоцкаше – 3-0!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид победи во четвртото коло во Ла Лига против Леванте со 3-2, иако малку недостигаше да прокоцкаат 3-0, па тоа треба да го загрижува тренерот Зинедин Зидан, но Французинот е мирен.

Иако на прес-конференцијата се очекуваше Зидан да покаже загриженост поради падот во играта против Леванте, сепак Французинот вели дека не се грижи.

„Тоа не ме загрижува. Но вистина е дека мора да напредуваме. И сакаме. Не ме загрижува одбраната. Знам дека ќе постигнеме повеќе голови и ќе примиме помалку“, кажа Зидан.

Зидан го пофали и Хамес Родригез, кој сакаше претходно да го продаде.

„Хамес покажа дека е добар фудбалер. Има многу квалитет, но и физички недостатоци“, порача Французинот.