„Нејмар е чувствителен и не му е лесно поради ова што му го прават навивачите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел порача дека Нејмар едноставно мора да ги прифати свирежите од навивачите.

Во првиот меч сезонава, кој го одигра за ПСЖ, Бразилецот беше исвиркуван од своите навивачи, иако постигна победнички гол.

„Нејмар е чувствително момче, не му е лесно, но одигра фантастично. Животот е таков. Не им беше лесно во преодниот рок ниту на навиваќите. Јано е дека Нејмар може да напредува, но потрбени му се уште дуели. Задоволен сум со тоа што го покажа на денешниот меч“, кажа Тухел.

Таткото на Нејмар неодамна кажа дека преговорите меѓу ПСЖ и Барселона не се прекинати, иако преодниот рок заврши.