Откриена „пештерата со богатство“ на Перез: Реал Мадрид руши светски рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од извештаите кои денеска Флорентино Перез ќе им ги претстави на акционерите, јасно се гледа намерата на Реал Мадрид.

Тоа што најмногу го погоди Зинедин Зидан е тоа што Реал има 156 милиони евра подготвени за трансфер, но не сакаа да го купат Пол Погба.

„АС“ пишува дека „кралевите“ ќе се обидат да земат поволен кредит на долг период, со мала камата и дека така би стигнале до 300 милиони евра, кои ќе ги искористат на купување на Килијан Мбапе.

Мбапе следното лето влегува во последните две години од договорот, па му соопштил на спортскиот директор Леонардо дека не сака да го продолжи договорот, па Реал Мадрид е логична дестинација за него.