Голема рација на Апенините: Уапсени ултраси на Јувентус!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уапсен е водачот на групата Други.

Десетмина уапсени ултраси на Јувентус е резултатот на утринската полициска акција на полицијата во Италија.

Медиумите во Италија информираат дека се уапсени некои од членовите на најпознатите навивачки групи на Јувентус: Други, Викинг и Нуклео 1985.

Тие беа обвинети дека го уценувале клубот за да имаат привилегии во врска со купувањето на влезниците за натпреварот. Се очекуваат уште апсења во продолжувањето на акцијата.

Меѓу уапсените се најде и култниот водич на групата Други, Дино Моциола кои во 90. Години на минатиот век заврши во затвор поради убиство на полицаец.

Италијанската полиција со месеци ги надгледувала ултрасите, тие почнале да се закануваат на клубот дека ќе се погрижат да добие суспензија на Алианц стадионот во случај да не добијат влезници.

Навивачите на Јувентус веќе подолго време не се огласуваат од јужната трибина, а се очекува дека Curva Sud ќе продолжи со протести и во наредниот период кој доаѓа.