Невил не простува: Јунајтед не треба да преговара со Рајола со Погба!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека клубот не треба да преговара со Мино Рајола за ситуацијата во која се наоѓа Пол Погба.

Претходното лето се шпекулираше дека Французинот би можел да се пресели во Реал Мадрид, а како опција се споменуваше и враќање во Јувентус.

Сепак, на крајот Погба остана во Јунајтед, иако и самиот призна дека е подготвен за нов предизвик.

„Пол сака да замине. Тоа им е јасно на сите. Сепак, мораме да покажеме дека однесувањето на неговиот агент беше срамно, не само кон Јунајтед. Тие мораат да ја прекинат соработката со него“, вели Невил.

Погба има договор со „црвените ѓаволи“ до 2021 година.