Ансу Фати пропушта дури седум натпревари на Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ансу Фати е тинејџер кој го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри во дресот на Барселона.

Поради проблемите со повредите на почетокот на сезоната Ернесто Валверде одлучи да му даде шанса да 16 годишниот Фати кој воодушеви многумина и во текот на три натпревари постигна два погодоци за Каталонскиот клуб.

Ансу Фати стана вистинска сензација во Шпанскиот фудбал, а многумина веќе го споредуваат со големи ѕвезди од фудбалскиот свет. Фати неочекувано доби шанса за која не можел ни да сонува и тој ја искористи на најдобар можен начин.

Овој 16 годишен тинејџер е роден во Гвинеја-Бисао, но како дете стигнал во Шпанија и е член на Ла Масија веќе шест години. Меѓутоа и покрај тоа што е роден во Гвинеја-Бисао тој одлучи да настапува за Шпанија.

Ансу Фати моментално е член на кадетската селекција на Шпанија и поради тоа можно е да пропушти дури седум натпревари на Барселона во периодот од 26. октомври до 17. ноември.

Имено, тогаш се игра Светското Првенство за играчите до 17. Години, а се очекува Ансу Фати да добие повик од селекторот на Шпанија. Во тој случај тој најверојатно би го пропуштил големото Ел Класико.