Во Монако бараат итна смена на Леонардо Жардим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако повторно има катастрофален старт на сезоната во Лига 1, а навивачите на овој клуб бараат итна смена на ЛЕонардо Жардим.

Монако вчера прокоцка предност од 2:0 и беше поразен со 4:3 од тимот на Марсеј на домашен терен.

Со овој пораз Монако падна на 19 позиција на табелата со само два бода во првите пет кола. Клубот направи одлични трансфери и вистинско чудо е како се уште се наоѓа на дното на табелата.

Најзагреаните фанови на Монако преку социјалните мрежи поради тоа побараа итна смена на ЛЕонардо Жардим, а тоа веројатно и ќе се случи доколку резултатите на клубот продолжат во оваа насока..