Конечно добри вести: УЕФА имаше голема милост кон Нејмар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар минатата сезона беше казнет со три меча суспензија во Лигата на шампиони, откако на социјалните мрежи жестоко критикуваше судија, кој ја делеше правдата на мечот против Манчестер јунајтед.

Сепак, Бразилецот на теренот ќе се врати порано од тоа што се очекуваше на почетокот, откако судот за Спортска арбитража ја намали неговата казна на два меча суспензија.

Нејмар ќе одмора во првите два дуели во најелитното европско натпреварување, па нема да настапи против Реал Мадрид и Галатасарај, а негово враќање се очекува на 22 октомври во средбата со Клуб Бриж.

Конечно добри вести за Бразилецот, кој минатиот викенд му донесе победа на ПСЖ против Стразбур.