Кокошков испадна од конкуреција: Кошаркарска легенда седнува на кормилото на Србија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Србија пред неколку дена остана без селектор. По неуспехот на минатото Светско првенство во Кина, Србите решија да ја завршат соработката со Александар Ѓорѓевиќ.

Во почетокот главен кандидат беше Игор Кокошов, кој во моментов работи како асистент во Сакраменто кингс, па тешко би можел да води и селекција во исто време.

„Журнал“ пишува дека изборот паднал на Саша Обрадовиќ, кој во последните години имаше добри резултати со Алба и Локомотива.

Обрадовиќ важи за вистинска кошаркарска легенда во Србија. Како играч учествуваше во освојување на три европски титули, а има и светско злато од 1998 година и сребро од Олимписките игри од Атланта.