„Лесно е кога ќе ја освои ЛШ, но ако почнеш да се дрогираш и конзумираш алкохол…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул со тренерот Јирген Клоп лани ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), а сезонава ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Англискиот гигант вечерва во првото коло од ЛШ гостува кај Наполи, а мечот го најави Клоп.

„Многу разговаравме за интензитетот. Мечот против Наполи минатата сезона не беше со голем интензитет. Тоа беше проблем на организацијата. Мораме да вложиме максимум во дуелот. Не може да играме против Наполи длабоко во својата половина, тоа не поминува. Мораме да го правиме тоа во што сме добри. Лесно е да се остане на земја по освојување на ЛШ, но ако почнете да се дрогирате и да пиете алкохол, не можам да ви помогнам“, вели Клоп.