Зидан ќе „пукне“ од среќа: Реал Мадрид има договор со ПСЖ – ја уплатиле и првата рата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид има договор со ПСЖ за трансферот на Килијан Мбапе во следниот период. „Кралевите“ во Мбапе гледаат фудбалер за иднината и сакаат на него да ја градат својата игра.

Французинот стигна од Монако во ПСЖ за 135 милиони евра, па имаше одлична сезона на која постигна 39 гола на 43 меча.

Со 32 гола беше најдобар стрелец во Лига 1, а беше и прогласен за најдобар фудбалер во француското првенство.

Популарната интернет телевизија „Ел Чирингито“ објави дека Реал веќе платил 35 милиони евра плус дополнителни пет милиони евра за трансфер, а вкупно има да се исплатат 225 милиони евра плус 55 милиони за бонуси.