Скандал во Италија: Ањели отрки дека Јувентус бил рекетиран од страна на…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесоа инфорамција дека вчера се уапсени 12 навивачи на Јувентус поради насилство, рекетирање и изнуда.

Полицијата по пријавата од челниците на Јувентус направила вистинска рација и на крај уапсила 12 навивачи на овој клуб кои важат за водичи на најголемите навивачки групи на тимот од Торино.

„Јувентус мораше да реагира и да го запре сето тоа. Ултрасите го уценуваа клубот и се закануваа дека ќе пеат расистички песни и ќе прават разни инциденти доколку не им даваме бесплатн карти и тоа тие кои ќе си ги одредат самите. Немавме друго решение и мораше да се запре тоа. Се надеваме дека ова нема да предизвика негативен однос кон клубот од страна на верните навивачи“ –истакна Ањели.