Селекторот Матијашевиќ со искрен коментар: Се надевам во Македонија ќе излезат експертите кои ги објаснуваа лошите игри на момците


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Никола Матијашевиќ со искрена изјава ја честита победата на сите негови одбојкари кои ги посочи како најзаслужни за големиот успех и историската победа против Словенија.

Матијашевиќ исто така не пропушти прилика да ги повика експертите кои ги критикуваа нашите кога губеа, да дадат коментар и за сегашните резултати…

„Македонија играше на сите натпревари, но посебно на овие последни два натпревари. Мора да им честитам на играчите за многу работи. Ова е исклучиво нивен резултат, нивен најголем резултат. Се за што зборувавме вчера и денес, исполнија се и мислам дека целиот тим има заслуга за оваа победа.

Се надевам дека ќе одиме во нокаут фазата во Франција, успехот е оглем. Се надевам во Македонија ќе се јават експертите и ќе ја објаснат добрата игра од денес и вчера исто како што ги објаснуваа лошите игри на момците. Овие играчи ја заслужија оваа победа и се надевам дека тука нема да запреме“ –изјави селекторот Никола Матијашевиќ.