Интер се изнамачи и на крај стигна до реми против Славија Прага (Видео)

Тимот на Славија Прага шокираше многумина со своето вечерашно издание на „Џузепе Меаца“ во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Интер.

Клубот од Чешка успеа да стигне до реми, а беше многу блиску и до победа против големиот фаворит на оваа средба.

Славија  поведе со голот на Олајинка во 63. минута од натпреварот. Интер никако не го наоѓаше патот до мрежата на гостинскиот тим, и кога се чинеше дека Славија ќе приреди огромно, сензационално изненадување, Николо Барела  го израмни резлтатот во 92. минута од натпреварот.

Во вториот натпревар од 18:55 часот, тимот на Лион не успеа да стигне до победа против Зенит и ремизираше само со 1:1 иако имаше големи шанси да дојде до трите бода.