Челси загуби од Валенсија, Баркли не му даде на Вилијан да шутира пенал, па стана трагичар (Видео)

Тимот на Челси загуби од Валенсија во воведниот натпревар од Лигата на шампионите на својот „Стемфорд Бриџ“.

Гостите од Шпанија победија со 1:0, а единствениот гол на средбата го постигна Родриго во 74. минута.

Трагичар за Челси е Рос Баркли кој не реализираше пенал во 88 .минута од натпреварот. Интересно е тоа што фудбалерот од средниот ред не му дозволи на многу поискусниот Вилијан да го изведе ударот од белата точка, п ана крај стана трагичар за Челси.