Воодушевувачко шоу на навивачите на Борусија кое траеше неколку секунди, но ќе се памети уште долго!

Жолтиот зид не не разочара на стартот на новата сезона во Лигата на Шампионите.

Во првото коло на новата сезона на елитното клупско натпреварување, Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк ја дочека Барселона.

Инаку, на теренот популарните Милионери во поголемиот дел од натпреварот беа подобри од својот ривал, но не успеаа да дојдат до победоносниот гол. Натпреварот заврши со резултат од 0:0.

Најдобрата шанса ја пропуштија во второто полувреме кога Марк-Андре Терштеген го одбрани пеналот на Марко Ројс. Додуша, тој казнен удар можеше да се повтори поради новите правила, но тоа не се случи.

Во димната магија која не е реткост за навивачите на Дортмунт беше испишано “BVB” што е кратенка за името на клубот од Дортмунд.